
Вила Флора
Вила Флора е модерна и со стил опремена вила лоцирана во Охрид, во новата населба Далјан, на 100 метри од брегот на Охридското Езеро. Има мирна и осветлена внатрешност и Ви нуди гостопримство, удобност и мирен и незаборавен престој со можност за природно опуштање и уживање на еден од балконите или во градината од каде се шири прекрасен мирис од многубројните видови цветни растенија. Исто така Ви нуди можност за пријатно освежување во ресторанот каде температурата во жешките летни денови е умерена и овозможува да се чувствувате многу пријатно.

Лицето на вилата е свртено кон исток и предните соби се со поглед кон Самоиловата тврдина, а ентериерот е украсен со многу антиквитети и сувенири карактеристични за Македонија.
Во рамките на вилата има аперитив
бар, ресторан за национални и интернационални јадења (со 80 седишта),
тераса, градина, а располагаме со 22 соби и
капацитет да примиме до 53 гости за ноќевање, ноќевање со доручек, со
полупансион или со полн пансион.
На располагање на гостите им е пловен
објект за прошетки по Eзерото.
Пред вилата има и паркинг простор резервиран за
нашите гости.
Посебно внимание посветуваме на квалитетот на услугите. Нашата цел е
гостинот да биде задоволен во однос на квалитетот на храната,
сместувањето и од нашата љубезност.
По желба на гостите, може да организираме посета на културно историските
споменици во Охрид или крстарење со брод по Охридското Езеро.


